петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 33

Влошена здравствената состојба на Џамбазов, концертот презакажан за Денот на вљубените

igor-dzhambazov-10-29267

Поврзани вести

Поради влошена здравствена состојба одложен е концертот на Игор Џамбазов. Ова на социјалните мрежи го соопшти неговата пријателка и колешка Весна Петрушевска.

Џамбазов, како што пишува Петрушевска, утрово повторно бил хоспитализран во клиниката „Филип Втори“.

Концертот кој требаше да се одржи на 26 декември е презакажан за Денот на вљубените (14-ти февруари).

Тој инсистираше да ја тера приказната до крај, но ние како негови другари и семејство (Тони Михајловски,Тамара Тодевска, Александра Јоревска, Аце Трендафил, Ботиљка, маестро тато Александар Џамбазов , сестра мила од Америка Тања Џамбазова, едвај го убедивме да се одложи концертот упорно повторувајќи дека младите бендови многу вежбале и ќе се разочарале … За оние кои купиле карти ќе важат за наредниот датум (14.02.2016),како и тоа дека сите купени билети може да се вратат онлајн или во Југотон со фискална сметка во следните 10 дена.

ЏАМБО ФЕСТИВАЛ ќе се одржи ,битката против турбофолкот продолжува .Само Игор да ни е жив и здрав. Ве поздравува, живее за аплаузот кој вие му го давате безрезервно. Ви благодарам на разбирањето. Од името на Игор и неговото семејство, пријателите, напиша Петрушевска.

Најчитани вести