Спорт

Влошена состојбата на Прибак

Влошена состојбата на Прибак

Непријатна вест од таборот на нашата ракометма репрезентација. Средниот бек Немања Прибак добил труење со храна, а информацијата за спортскиот портал ЕКИПА ја потврдил и директорот Никола Панчевски.

-Засега се работи само за изолиран случај, останатите ракометари не се жалат на такви тегоби. Немања Прибак се наоѓа во влошена здравствена состојба, првично му била укажана помош и примал инфузија. Состојбата постепено му се подобрува, но се уште е неизвесно дали ќе може воопшто да настапи на утрешниот важен натпревар против Хрватска, пишува ЕКИПА.