Со вложувањето во железничката инфраструктура значително е подигнат квалитетот на транспортот

Македонската железница се врати на голема врата. Откако повеќе години во серија се намалуваше бројот на патници, како резултат на катастрофалната состојба и отсуството на стратегија за инвестирање, сега сликата е комплетно променета. Набавката на нови возови, вложувањето во железничката инфраструктура, реконструкцијата на железничките станици значително го подигнаа квалитетот на железничкиот транспорт, а резултатите се веќе видливи, пишува Лидер.

Како Влада во 2012-та година донесовме една крупна одлука за започнување голем инвестициски циклус во железницата, вреден повеќе од 600 милиони евра. Со него се опфатени купување нови возови и вагони, изградба на нови и реконструкција на постоечките пруги, рехабилитација и надградба на железничките станици и реновирање на халите за одржување на возовите, вели вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Статистика ги потврди позитивните трендови!

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека сè повеќе граѓани ја користат железницата при својот транспорт. Во 2015-та со воз биле превезени 1.022.000 патници, што претставува зголемување на бројот на патници за над 200 илјади во однос на претходната година (803.000). Годишниот раст на бројот на превезени патници изнесува повеќе од 27%.

Со вложувањето во железничката инфраструктура значително е подигнат квалитетот на транспортот
Со вложувањето во железничката инфраструктура значително е подигнат квалитетот на транспортот

Анализата на Статистика покажува интересни трендови во железничкиот превоз на земјава. Само во последното тримесечје од 2015-та биле превезени 352 илјади патници, за 58,6% повеќе во однос на истиот квартал од 2014-та година (222 илјади).

Вкупно, во 2015-та биле превезени и 1.566.000 тони стока, што претставува пад во однос на претходната година кога биле превезени 2.376.000 тони, а ова се објаснува со зачестените штрајкови и блокади на железницата од грчка страна.

Набавени нови возови по највисоки стандарди

Во Македонија пристигна и третиот патнички воз од Кина. Се работи за втората дизел гарнитура. Ќе биде пуштена во сообраќај веднаш откако ќе завршат техничко – безбедносните проверки. Патничкиот транспорт значително ќе биде освежен кон средина на годинава, до кога се очекува да пристигнат сите шест возови (четири дизел и два електрични), со што ќе се заокружи инвестицијата тешка 25 милиони евра.

Децении и децении наназад чекавме кога по нашите пруги ќе возат модерни возови како во развиените земји. Тоа сега се случува, бидејќи ние она што го ветивме пред граѓаните го остваруваме, вели министерот за транспорт, Владо Мисајловски.

Новите возови…