ВМРО-ДМНЕ: Не е прв пат високи функционери на СДС да напаѓаат граѓани

По урнек на најголемиот лажго аболицираниот криминалец Зоран Заев, Максим Димитриевски, сега се обидува да ги измами граѓаните и да ги убеди дека момчето само си удирало тупаници и си го раскрварело носот, а дека тој и покрај нападот од 6 полициски службеници, не добил ниту гребнатинка, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението: 

ВМРО-ДПМНЕ го осудува претепувањето на младо момче во кумановски угостителски објект од страна на пратеникот Максим Димитриевски и бара надлежните органи што е можно побргу да постапат по кривичната пријава за „Насилство“ од СВР Куманово.

Народот виде кој е насилникот и народот бара Максим Димитриевски да сноси одговорност пред судовите.

Не е прв пат високи функционери на СДС во знак на очај да напаѓаат граѓани. Истото се случи и со нападот врз земјоделецот кој учествуваше на протестите против Тиранската Платформа од страна на алкохолизираниот претседател на ОО на СДС во Куманово.

По урнек на најголемиот лажго аболицираниот криминалец Зоран Заев, Максим Димитриевски, сега се обидува да ги измами граѓаните и да ги убеди дека момчето само си удирало тупаници и си го раскрварело носот, а дека тој и покрај нападот од 6 полициски службеници, не добил ниту гребнатинка.

Срамно и долно, дури и за пратеник од СДС, на кои главен квалитет им е лагата во сите нејзини варијации. Народот веќе не ги купува лагите на СДС.

Затоа граѓаните се на нозе!

Затоа Македонија се буди!