ВМРО-ДМПНЕ: СДСМ бара алиби за поразот на изборите

Очигледно СДСМ подолго време бара алиби за поразот кој ќе го доживеат на следните избори, сметаат од ВМРО-ДОМНЕ, од каде велат дека за ние тоа е и повеќе од очекувано, знаејќи дека освен лаги и манипулации, СДСМ и нема што друго да понуди.

Според партијата, овој пат на СДСМ му пречи што граѓаните по брза постапка ќе можат да извадат нови лични карти со кои би го оствариле своето право на глас.

Оваа пракса е можност да се извадат нови лични карти се спроведуваше и во сите предходни изборни циклуси. Со својата прес конференција СДСМ и Оливер Спасовски сакаат да го ускратат право на граѓаните да можат да го дадат својот глас.

„За Изборниот законик кој токму и СДСМ го изгласа во Собранието, ги повикуваме да се консултираат со претседателот на ДИК, Никола Рилскоски предлог на СДСМ, и да се информираат малку подетално за Избирачкиот список кој е потпишан од ДИК“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМЕ појаснувајќи дека токму во членот 31 кој ги дефинира надлежностите на Државната изборна комисија стои дека „врши евиденција на избирачкото право и се грижи за заштитата на личните податоци на граѓаните содржани во Избирачкиот список и го потпишува Избирачкиот список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите“. Во главата 4 која ја опфаќа Евиденцијата на избирачкото право, членот 41 е кристално јасен и вели „Избирачкиот список го води Државната изборна комисија“. Членот 42 уште поексплицитно ги набројува надлежностите „Државната изборна комисија врши запишување, дополнување и бришење во Избирачкиот список по службена должност…“.

Затоа, потенцираат од владејачката партија дека логично е партија како СДСМ, која е свесна за поразот кој и следи да се обидува да бара секакви изговори и неправилности кои се логични само за нивното раководство.