ВМРО – ДП: Да покажеме дека сме против сценаријата за дестабилизација на Македонија

ВМРО-ДП упати писмено соопштение до јавноста по повод утре закажаниот сенароден собир пред Собранието на Република Македонија.

„ВМРО-ДП ги повикува членовите, симпатизерите и сите на кои во срце им е Македонија, да присуствуваат на утрешниот сенароден собир во организација на коалицијата „За подобра Македонија“ со што јасно ќе покажеме, дека сме против сценаријата одвнатре и однадвор за дестабилизација на Македонија“, се вели во соопштението.