ВМРО-ДПМЕ: Како Шилегов за две години станал сопственик на три станови?

Јавноста има право да знае дали Шилегов сам на себе си изнајмува станови и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво? Дали Петре Шилегов сам на себе си наплаќа месечен надоместок за консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво?- прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Милионерот од СДСМ Петре Шилегов бега како ѓавол од крст од одговорите на прашањата кои и тоа како ја интересираат јавноста. Шилегов мора да им одговори на граѓаните како во време на режим за 2 години станал сопственик на три нови станови, како што сведочи неговиот анкетен лист?

Јавноста има право да знае дали Шилегов сам на себе си изнајмува станови и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво? Дали Петре Шилегов сам на себе си наплаќа месечен надоместок за консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво? Колкав е надоместокот што како трошок го фактурира на сопственото адвокатско друштво? Дали сите овие малверзации препознатливи за криминалното раководство на СДСМ се начинот по кој милионерот Шилегов успеал да заработи 200.000 евра за две години?

Се’ укажува на тоа дека Петре Шилегов е новата Радмила Шекеринска, позната по тоа што сама на себе си изнајмува станови за месечна кирија од 5.000 евра. Шилегов е на добар пат да ја стигне не само Шекеринска, туку и аболицираниот криминалец Зоран Заев кој во време на режим станал побогат за десетина милиони евра, како што самиот призна. Заев отиде и чекор подалеку па на целата јавност и покажа како се станува богат со методот „Едно евро од квадрат за Вицето“.

Тоа е начинот на работа на СДСМ. Пред камерите урлаат и уништуваат споменици и државен имот глумејќи борци за правда и демократија, а зад камерите ги полнат џебовите и сметките.

Затоа СДСМ ги загуби изборите. Граѓаните на Република Македонија не сакаат да бидат водени од криминалци.

Петре Шилегов и СДСМ нема да ја враќаат средната класа во Македонија, туку ќе ги вратат сите пари кои ги заработиле на криминален начин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.