ВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври беше и останува еден од симболите на македонскиот непокор

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник, Денот на народното востание, 11 Октомври.

„Македонија пред 73 години обединето се крена за своја национална слобода и за своја државност.Мотивот за народното востание беше свет, да се избори слободата, вечниот стремеж на генерации македонски херои. Саможртвата и идеалите на борците се должни за почит и од нас и од сите идни поколенија, но и завет да ја продолжиме нивната голема мисла и дело.11 Октомври беше и останува еден од симболите на македонскиот непокор. Сонот за слобода на татковината кој живееше со векови се разгори во општонародна борба до конечната цел, извојување на победа, слобода и достоинство на нашиот народ.“ се вели во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.