сабота, 10 декември 2016  |  Вести денес: 5

ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот криминалец Заев и СДСМ се во паника бидејќи им се ближи крајот

Знаат дека враќањето на најлошиот и најнеспособен министер во историјата ќе ги повлече уште толку низ брдо.

вмро-дмне

Последни вести

Јасно е зошто СДСМ вака панично реагира и плаче. Се ближи 11-ти декември, а со тоа и крајот на кризата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Без криза нема веќе оправдување за натамошно постоење на деструктивна политика практицирана од лица аболирани за криминал. Аболицираниот криминалец Заев и раководството околу него е во паника бидејќи им се ближи крајот. Знаат дека враќањето на најлошиот и најнеспособен министер во историјата ќе ги повлече уште толку низ брдо.
Оливер ќе остане запаметен по акцијата во Липково за која потроши стотици илјади евра, ги вознемири жителите, а не приведе ниту едно лице.
 Ќе остане запаметен по лагите и манипулациите за наводниот криминал со фалсификувани возачки дозволи по кои добиваше шлаканици од германскиот производител.
Ќе остане запаметен по наградувањето на сопругот на неговата колешка Фросина Ременски со незаконско унапредување за 7 скалила. Стотици вакви примери виде македонската јавност за седум месеци и ниту еден позитивен. Тоа е причината зошто СДСМ е конфузен и зошто панично реагира.
 Овој пат СДСМ е во право и реакцијата е на место.
На изборите на 11-ти декември ќе ја добијат најголемата казна, стои во соопштението на владејачката партија.

Најчитани вести