ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ бескорисно не потрошеше 334 милиони евра, можеа да се изградат 40 современи болници

Со досега потрошените 334 милиони евра Владата на СДСМ можеше да изгради околу 40-ина современи болници кои ќе бидат од корист за граѓаните, но нема ниту нови болници нема, а ги нема ниту парите на граѓаните, реагираат во понеделникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека изградбата на детската болница во Козле чинеше околу 7 милиони евра, а оти за изминативе три месеца СДСМ од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии потрошиле 334 милиони евра, со кои можел да изгради повеќе десетици болници кои ќе бидат од корист за граѓаните.

„Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат каде се трошат нивните пари кои секојдневно се одлеваат од државната каса. Како одговор единствено добиваат само лаги од владата на неспособниот Заев“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека наместо да ги трошат народните пари, за да се подобри квалитетот на живеење на граѓаните, СДСМ со народните пари ги опремува кабинетите на министрите со скапи цвеќиња, вдомува партиски послушници, однесувајќи се недомаќински на секој можен чекор и оти Владата буквално ја исцедила државната каса.

„Владата на СДС поради негрижата за граѓаните, конечниот суд ќе го види на 15-ти октомври, на претстојните локални избори кога Заев и криминалната врхушка околу него, жестоко ќе бидат поразени“, стои во соопштението

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.