ВМРО-ДПМНЕ: Алаѓозоски и СДСМ да излезат од опозицискиот филм

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има направено најмногу за културата во Република Македонија од независноста до денес, почнувајќи од инвестиции во нови културни проекти и објекти завршувајќи со конзервации на културно историски добра, тоа е факт кој актулениот министер за култура Роберт Алаѓозоски не може да го негира, и затоа наместо да глуми опозиција треба да се фати со работа продолжувајќи го успешниот тренд на развојот на културата, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Роберт Алаѓозоски се’ уште е во филмот на опозиција, се’ уште наместо да работи и решава проблеми тој се рашетува по институции и бара недостатоци за да критикува што не било направено. Го повикуваме Алаѓозоски да направи нешто, наместо напразно да зборува и критикува. Алаѓазоски не е опозиција, затоа треба да почне со работа и реализирање на ветеното, а не постојано да млати празна слама“, се наведува во ракцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека СДСМ е единствена партија во Европа која јавно изјавила дека ќе урива споменици кои секаде се дел од културното наследство.

„Лицемерно е кога СДС зборува за идентитетот и националните и државните интереси, кога граѓаните знаат дека СДС не презел ниту еден чекор во зачувување на истите, туку во континуитет од минатото до денес само ги распродава за власт дадена на одреден период“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.