петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 52

ВМРО-ДПМНЕ: Анти-државната политика на СДСМ не минува кај народот

Граѓаните масовно ја отфрлија Тиранската Платформа и стотици илјади граѓани секојдневно го покажуваат на улиците низ Македонија.

133459723

Последни вести

Двете реакции на СДСМ и СЈО на утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека авторот кој стои зад нив е еден ист, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е уште еден доказ дека помеѓу СЈО и СДСМ има знак на еднаквост.

СДСМ тоне и е во паника. Видоа дека нивната анти-државна и анти-национална политика не минува кај народот.

Граѓаните масовно ја отфрлија Тиранската Платформа и стотици илјади граѓани секојдневно го покажуваат на улиците низ Македонија.

Сосема очекувано беше политичкото активирање на СЈО преку неиздржани предмети, се со цел да врши притисок врз медиумите за да направи дефокус од револтот и гневот на народот кон Тиранската Платформа, кој секојдневно се слева на улиците.

Најчитани вести