Македонија

ВМРО-ДПМНЕ апелира до граѓаните за смирено и рационално однесување

Во однос на најавите и повиците за спонтани собири на граѓани по социјални мрежи, кои згрозени од постапките на лидерот на опозицијата, кои денес излегоа на виделина, владејачката ВМРО-ДПМНЕ апелира за смирено и рационално однесување.

„Сакаме да истакнеме дека го разбираме гневот и незадоволството на граѓаните по информацијата за последната акција спроведена од институтициите, но сме уверени, како многу пати порано соочени со вакви предизвици, дека ќе преовлада разумот, мудроста и зрелоста кај граѓаните“, стои во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Оттаму велат дека е потребно да се дозволи, целокупната постапка која е комплексна, сензибилна и повеќеслојна да биде препуштена на надлежните инстутуции кои треба да ја изведат во законска, транспарентна, професионална и отворена доказна постaпка преку која ќе се дознае вистината.