ВМРО-ДПМНЕ бара мислење од Антикорупциска за разрешувања и именувања во текот на изборна кампања

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска до Државната комисија за спречување на корупција поднесоа барање за мислење по однос на примената на член 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик.

Baranje

Собраниската седница на која се расправа за разрешувањето на Јавниот обвинител започната на 05.07.2017 година се уште е во тек, тоа е во спротивност со член член 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик според кој од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори за градоначалник или членови на советот, односно до конституирање на советот на општините и градот Скопје, не може да се започне со постапка за вработување на нови лица или постапки за престанок на работен однос во државни и јавни институиции, а воедно започнатите постапки се ставаат во мирување освен во случај на итни и неодложни работи, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Очекуваат Државната комисија за спречување на корупција во најбрзо време да се произнесе за нашето барање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.