ВМРО-ДПМНЕ бара расветлување на инцидентот со дронот и знамето на „Голема Албанија“ на натпреварот во Чаир (ВИДЕО)

Надлежните мора да го санкционираат и целосно да го расчистат обидот за побудување на националистичките страсти и ширење на етничката нетрпеливост, со инциденот од неделата кога со помош на дрон во текот на фудбалскиот наптревар во скопски Чаир меѓу Шкупи и Вардар се промовираше мапа со ткн „Голема Албанија“, во чиишто наводни граници има и делови од Република Македонија, истакна во понделникот на прес-конференција претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска

Пешевска притоа нагласи дека станува збор за втор за кусо време ваков провокативен инцидент на етничка основа и оспорување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, откако во центарот на Куманово од јарболот беше симнато македонското државно знаме и на негово место беше развиорено знамето на Албанија.

 

„Најголемата одговорност за ваквите напади кон Македонија и македонскиот народ и кон сите државни и национални обележја лежи токму во сервилниот, поданички и антидржавен однос на криминалецот Зоран Заев. Само за да се дограби до власт, иако загуби на декемвриските избори, Заев ги прифаќа сите антимакедонски уцени и се согласува на сите отстапки кои одат на штета на државните и националните интереси. Заев е убеден дека доколку ја реализира тиранската платформа и доколку молчи за симнувањето на македонското знаме, мапите на голема Албанија или изјавите на Зијадин Села, ќе успее да формира тиранска Влада и да се спаси од кривична одговорност за криминалите што ги има направено“, рече Пешевска.

 

ВМРО-ДПМНЕ, додаде Пешевска, апелира до раководството на СДСМ да ја отфрли ткн Тиранската платформа и да прифати нови парламентарни избори, на кои граѓаните ќе кажат што мислат за таа платформа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.