Македонија

ВМРО-ДПМНЕ Битола: Македонија е земја каде што амбициите да се дојде на власт се решаваат на избори

ВМРО-ДПМНЕ Битола: Македонија е земја каде што амбициите да се дојде на власт се решаваат на избори

Нема да Ви дозволиме во оваа земја насилно да преземете ништо, ниту државата, а уште помалку нашите домови. За СДСМ не постои ништо свето ниту пак вашата партија има почит кон некоја вредност, велат од ОК ВМРО-ДМНЕ Битола.

Во продолжение следува интегрален текст од пресконференцијата на Борче Димитровски, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Тоа го докажавте повеќепати со вашиот однос кон сопствената земја, а го покажавте и вчера со напад на нешто што треба да е света институција за секој совесен човек – ДОМОТ.  Не само што не ги почитувате институциите на сопствената држава туку отидовте чекор потаму, без грам совест и воспитување па дивеевте пред домот на  Градоначалникот на Битола, колективна станбена зграда, исто така дом на многу наши сограѓани.

Нема да Ви дозволиме вашето безумие и гола желба за власт да ни го нарушат секојдневниот живот, животот со најблиските во нашите домови, куќи.

Да Ве потсетиме уште еднаш:

Македонија е земја каде што амбициите да се дојде на власт се решаваат на избори.

Ви препорачувам Вашите неартикулирани викотници и насилно однесување да ги сочувате за внатре во вашите простории, во вашата партија. А пред народот на Македонија, ве замолувам,  да го покажете вашето цивилизирано лице, доколку сеуште имате такво, за колку толку да Ве доживеат како граѓани на оваа земја.

И на крај, многу прецизно, Ви порачуваме:

Не се плашиме од насилство и насилници, но истовремено на насилството нема да вратиме со насилство, не заради вас туку заради граѓаните на Битола, заради граѓаните на Македонија.