четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

ВМРО-ДПМНЕ: Богоевски е уште еден обид на Заев да користи осудени лица да му ја вршат валканата работа

За сите невистини кои ги изнесе осуденото лице за криминал Слободан Богоевски, ќе добие тужби за клевета пред надлежниот суд, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne-2

Последни вести

Лицето Слободан Богоевски, осуден за криминал за кој има одлежано казна затвор, синоќа ја искористи Телевизија Телма и времето кое му беше дадено во емисија Топ Тема за да изнесе, лаги и клевети во обид да го наруши угледот на ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ За сите невистини кои ги изнесе осуденото лице за криминал Слободан Богоевски, ќе добие тужби за клевета пред надлежниот суд.

За ВМРО-ДПМНЕ гостувањето на Слободан Богоевски претставува уште еден очајнички обид на аболицираниот криминалец Зоран Заев, да користи лица кои биле осудени за криминал и лежеле казна затвор за да му ја вршат валканата работа, надевајќи се дека со лаги и клевети ќе успее да го изманипулира народот, наметнувајќи му мислење дека сите политичари се исти“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најчитани вести