ВМРО-ДПМНЕ Центар: Расипништвото на СДСМ и Жерновски ги проби и најцрите очекувања на граѓаните

Расипништвото на СДСМ и градоначалникот Андреј Жерновски ги проби сите најцрни очекувања на граѓаните, реагираа денеска од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Центар.

Во продолжение интегрален текст од пресот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Центар

СДСМ и Жерновски почнаа да живеат во паралелна реалност која е составена од раскош и расфрлање на сметка на граѓаните. Истата паралелна реалност на јахти и луксузни хациенди во Грција, во која што живеат и нивните идејни водачи Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

Скандалозното откритие до кое дојде советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Општина Центар вели дека Директорот на паркинзи на општина Центар, си исплаќал нето плата од неверојатни 120 000 денари.

pres1

Еве го документот. Ова е скандалот што треба да го знаат сите жители на Центар и целокупната македонска јавност. Ова е начинот како СДСМ смета дека треба да се раководи со средствата на граѓаните. На Директор на едно локално претпијатие за стопанисување со паркинзи да му се исплаќаат 2000 евра месечно. Толку, според СДСМ треба месечно да се богати човек со само шест години работно искуство.

Можеби 2000 евра и не се премногу во однос на киријата од 5000 евра која неговата потпретседателка си ја исплаќаше самата на себе, но сигурни сме дека мнозинството граѓани имаат и други приоритети и сугестии како попродуктивно да се вложат овие пари.

Скандалот да биде поголем, со слична плата е награден и Вангел Андрески, заменик на Саша Богдановиќ. Истиот земал нето плата од 94 000 денари. Човек со работно искуство од три години е подобро платен од десет вработени во фирмите на неговиот лидер Зоран Заев кои месечно добиваат минимални примања.

Еве го документот. Ова е скандал.

pres2

 

Само Богдановиќ и неговата десна рака Андрески месечно ги чинеле граѓаните на Центар 3500 евра. Двајцата заедно земаат десет просечни плати додека центарци сами се справуваат со сметот, возат по неасфалтирани улици и во најурбаната општина сеуште се справуваат со проблемите од фекалната и водоводната мрежа.

Паркинзи на Општина Центар за само две години од страна на Жерновски и неговиот скапо платен тим е претворено во приватна фирма. По партиско-роднинска релација во претпијатието се вработени 67 лица. Кумашини, ќерки, кандидати за советници и бивши советници се само дел од кадрите со кои Жерновски и Богдановиќ го оптоварија претпријатието.

Затоа, Советничката група на ВМРО ДПМНЕ бара вонредна седница на Советот на Општината на која би се дискутирало околу овие прашања. Јавноста има право да знае со колкави суми си се наградува и директорот и неговиот заменик, бидејќи тоа се пари на граѓаните.

ВМРО ДПМНЕ во Центар нема да дозволи Жерновски и Богдановиќ да го повторат тоа што го стори нивниот партиски колега Зоран Дамјановски во Куманово, кога заработи кривична пријава за истрошени неверојатни 100 000 евра пари на граѓаните по кафеани или 30 плати на Богдановиќ и Андрески.