Македонија

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита денешниот празник 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Во продолжение интегрален текст од честитката што владејачката партија ја упати до јавноста:

На денешен ден беше запалена искрата која го разгори огнот за национално ослободување на Mакедонија.

Идејата за организирана револуционерна борба беше водилка на илјадници македонски дејци, револуционери и херои. Нивната саможртва го одржа жив до ден денешен нивниот аманет и заклетва за слободна и независна  Македонија која секој од нас треба да ја гради и сесрдно да придонесува во нејзиниот напредок.

Да ни е честит и вековит празникот!

Нека е вековита идејата на организацијата!

Нека е вечна Македoнија!