ВМРО-ДПМНЕ: Чие време заврши ќе одлучи народот на избори, а не СДСМ

Нема партија во Македонија која со вакво собирање на гласовите на сите други партии не може да дојде до 600-то илјади гласа. Но, тоа е нерално, тоа е целосно преставување на лажна слика, и многу проѕирно и видливо, лесно препознатливо. Нереална слика со која СДСМ се лаже само себе си, и своето членство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

Чие време заврши ќе одлучи народот на избори, а не СДСМ, Заев, или најмалку нивниот Центар за комуникации, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Забележливо е дека СДСМ за да изгледа дека има многу повеќе гласови отколку што реално ги има, си ги придодва гласовите на другите партии и си ги прикажува за свои, па така стигнува до бројката 600-то илјади гласа.

Нема партија во Македонија која со вакво собирање на гласовите на сите други партии не може да дојде до 600-то илјади гласа. Но, тоа е нерално, тоа е целосно преставување на лажна слика, и многу проѕирно и видливо, лесно препознатливо. Нереална слика со која СДСМ се лаже само себе си, и своето членство.

СДСМ на овие избори претрпе пораз од ВМРО-ДПМНЕ. Аболицираниот криминалец Зоран Заев доживеа пораз од граѓаните, и нереалното храбрење со наводна 600-то илјадна поддршка преставува уште една негова голема провидна лага. Граѓаните дадоа најголема поддршка преку гласањето на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

Тоа е вистината, се друго се манипулации.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.