ВМРО-ДПМНЕ: Дали е ова последната Фабрика за афери на СДСМ?

СДСМ е фатен во криминал до гуша и овојпат нема да може да побегне од одговорноста бидејќи сведок за се е целокупната македонска јавност, реагираат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека Заев и неговата партија му должат одговор и објаснување на народот од чие судење не се бега.

Соопштението Ви го пренесуваме интегрално

СДСМ е фатен во криминал до гуша.

Секогаш кога СДСМ е фатен на дело, започнува да бега и манипулира.

Овој пат за криминалот сведок е целокупната македонска јавност. Овој пат нема бегање од одговорноста.

Заев и СДСМ мора да и одговорат на јавноста како 70.000 од вкупно 600.000 нелегално стекнати прислушувани разговори со кои нелегално располагаат – како што тврдат самите, се најдоа во рацете на нивните членови, познати криминалци, со кои раководството на СДСМ било во постојан контакт?

Заев и СДСМ мора на народот да му одговорат зошто предавајќи 70.000 разговори на осудени криминалци од СДСМ свесно доведоа во опасност од уцена и изнуда илјадници Македонски граѓани?

Заев треба да и одговори на јавноста за што разговараше со криминалецот Захир Бекири, кој во моментов е во затвор поради изнуда? Што договориле Заев и Чаушот за време на средбата во канцеларијата на Заев?

Заев и СДСМ треба да одговорат зошто Оливер Спасовски бараше истрагата да биде бавна? Кој е нарачателот на „Фабриката за Афери на СДСМ“? Дали е ова последната Фабрика за Афери на СДСМ?

Заев и СДСМ треба да и одговорат на јавноста дали подготвуваните лажни пасоши и лажни сметки и низа други конструкции кои требало да се користат во предизборниот период се директна нарачка на Заев и СДСМ?

Заев и СДСМ треба да знаат дека сите кои учествувале во Фабриката за Афери ќе ја добијат заслужената казна. Некои само од Судот во Република Македонија, некои и од Судот на Народот на 24 април.

За само 122 дена граѓаните ќе ги казнат сите кои се обидуваат да си играат со трпението, интелигенцијата и волјата на народот. Граѓаните ќе ги казнат сите кои земјата ја држат во заложништво за да остварат свои лични цели со помош на криминални структури. Со помош на фалсификат. Со помош на најдолни манипулации.

Нема бегање од судот на народот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.