недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 14

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека се подготвува иницијатива за оспорување на одлуките на Иванов

vmro-dpmne-2

Поврзани вести

Најнов производ од Фабриката за афери на СДСМ и Сорос се написите дека тим на правни експерти на ВМРО-ДПМНЕ подготвува иницијатива за оспорување на одлуките на Претседателот Ѓорге Иванов, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од соопштението:

Медиумите под контрола на СДСМ и Сорос се обидуваат преку пласирање на лаги и измислици повторно да ја манипулираат јавноста.

Најнов производ од Фабриката за афери на СДСМ и Сорос се написите дека тим на правни експерти на ВМРО-ДПМНЕ подготвува иницијатива за оспорување на одлуките на Претседателот Ѓорге Иванов.

ВМРО-ДПМНЕ ги демантира овие дезинформации и ги повикува медиумите под контрола на СДСМ и Сорос освен за ширењето на партиската пропаганда на Бихаќка, да одвојат барем малку време за вистината и професионалното работење, односно да се обидат да ги проверат информациите пред да ги пласираат во јавноста.

Најчитани вести