ВМРО-ДПМНЕ: Демолирањето и физичките напади се со цел Заев да избега од избори

СДСМ конечно призна дека демолирањето, физичките напади, палењето и уништувањето на спомен обележјата се прави со единствена цел криминалецот Зоран Заев да избега од соочување со граѓаните на изборите на 5-ти јуни, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Ви го пренесуваме интегрално соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Само заради стравот на Зоран Заев од избори, дивите орди на СДСМ започнаа да ја напаѓаат полицијата, државните институции и да ја реализираат неговата визија за украинско сценарио во Македонија.

Вчера ДИК потврди со огромно мнозинство дека се исполнети условите за избори на 5-ти јуни. Откако се објави дека сестрата на Радмила Шеќеринска, Јани Макрадули, Гордан Ѓеорѓиев и други функционери на СДСМ се т.н фантомски гласачи, се виде дека сето ова беше уште една огромна манипулација произведена во фабриките за афери на СДСМ.

Прекинувањето на кривичните постапки од страната на претседателот Иванов не е во согласност со принципите на ВМРО-ДПМНЕ. Криминалците како Заев и злосторничкото здружение околу него мора да одговараат. Нема граѓанин на оваа земја кој не се згрози од начинот како криминалецот Зоран Заев бараше едно евро за црквата, едно за Вицето.

Благодарение на одлуката на Владата успешно се спречи целосното партизирање на МВР, МТСП и останатите институции каде што СДСМ раководи.

За само четири месеци Оливер Спасовски за 7 нивоа го незаконски унапреди сопругот на министерката Фросина Ременски и уште 500 партиски послушници. Тоа е начинот на раководење и одвоеноста на партијата од државата како што ја подразбира Зоран Заев кој најавуваше дека „Живи луѓе ќе јадеме“ и “Од чистачка до министер влегуваме сите колективно“.

Скопје деновиве им кажа НЕ на налудничавиве идеи на Зоран Заев. Граѓаните сакаат мир, просперитет, нови работни места и подобра иднина. Народот не сака вандализам, крвопролевање и украински сценарија.

Народот не ги сака СДСМ и Заев.

Затоа од ден на ден се намалува поддршкатта за вандалите кои палат и демолираат по Скопје. Затоа Заев лаже дека еден ден имало 7000 граѓани на нивните протести, а следниот ден бројот е веќе 1500.

На 5-ти јуни граѓаните 10-ти пат по ред референдумски ќе кажат НЕ за деструкциите и лагите на злосторничкото здружение СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.