ВМРО-ДПМНЕ денеска во Делчево

ВМРО-ДПМНЕ денес во Делчево во 18 часот во Домот на културата АСНОМ , ќе одржи трибина пред граѓаните, која е дел од собирите на ВМРО-ДПМНЕ низ целата држава.

На трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево ќе се обратат координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, министерот за здравство Никола Тодоров и потпретседателот на Собранието на Република Македонија Антонио Милошоски.

Тројцата се членови на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на Делчево ќе ги чујат актуелните ставови на ВМРО-ДПМНЕ за актуелните теми, но и ќе имаат можност да слушнат дел од новите проекти кои што се промовираат секојдневно како и на подолг рок.