ВМРО-ДПМНЕ: Дескоска јавно кажа дека владата добила укажување за промена на учебниците по историја и географија

Како кула од карти се срушија ветувањата на СДС за образованието. Во буџетот за 2018 година нема пари за нови студентски домови, нема пари за студентскиот град, нема пари за студентите, има само лаги и лажни ветувања, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев, Дескоска и Богоев ги излажаа студентите и младите на кои има ветуваа нови студентски домови, цел студентски град и нови студентски домови. Граѓаните сега можат да видат дека се што ветуваше СДС за образованието беше една голема предизборна манипулација. СДС и Дескоска се однесуваат како граѓаните да се со кратко паметење. Дескоска не го зголеми буџетот за образование. Дескоска ги врати во буџетот за образование парите кои ги скрати во 2017 година. Рената Дескоска скрати 1.7 милијарди денари од буџетот за образованието до сега, за сега да се фали дека го зголемува истиот. Дескоска ветува пари за ФИНКИ и факултетот за физичка култура, откако во 2017 година скрати цели 75 милиони денари од парите наменети за градба за овие две институции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнаа дека Дескоска почнува на дело да ја реализира промената на историјата, која Заев ја договори со Бугарија.

-Дескоска јавно кажа дека сите учебници ќе бидат опфатени во процесот на ревизија. Дескоска јавно кажа дека владата добила укажување за промена на учебниците по историја и географија. Дескоска јавно призна дека учебниците нема да се пишуваат по стандарди, туку по укажување. Денешната прескоференција покажа дека СДС и Дескоска ниту знаат ниту можат да го зголемат квалитетот на образованието. За СДС и Дескоска е многу побитно да менуваат учебници по историја и географија по укажување, наместо да работат на зголемување на квалитетот на образованието, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.