Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ ќе ги поддржат законските измени за дивоградби

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ ќе ги поддржат законските измени за дивоградби. За ова денес пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ информираше по пат на писмено соопштение.

Интегрален текст од соопштението:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја даде поддршката на измените и дополнувањата на Законот за постапување со бесправно изградените објекти кои што веќе влезе во собраниска процедура.

Новите измени и дополнувања на овој значаен закон пред се, се однесуваат односно предвидуваат нов рок за поднесување на барање за утврдување на правен статус на бесправните објекти кои се изградени заклучно со 3 март 2011 година, односно до истиот период кој важи и за објектите за кои се поднесени предходните барања, поради барањата на граѓаните кои не успеале да поднесат барање во предходниот утврден законски рок.

Измените и дополнувањата на Законот за постапување со бесправно изградени објекти или легализација на дивоградбите, утврдуваат рок за доставување на геодетски елаборати за новите барања односно до 31 декември 2017 година, а за објектите за кои претходно е поднесено барање за утврдување на правен статус, се продолжува рокот за доставување на геодетски елаборати, кој истекува  оваа година и како краен датум за доставување на истите се утврдува 31 декември 2016 година.

Предложените измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти ќе придонесат за спроведување на постапките за утврдување на правен статус на секој бесправен објект и токму затоа како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека на овој начин дополнително се излегува во пресрет на сите граѓани кои што досега не успеале да поднесат барања во некои од предходните рокови кои што ги предвидуваше овој закон.

Новите измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти исто така овозможуваат можност за легализација на бесправни објекти што се изградени на приватно земјиште. Ова значи дека со стапување во сила на овој закон, сопственикот на дивоизграден објект ќе може да го легализира објектот на земјиштето што е во туѓа, односно друга приватна сопственост доколку во моментот на изградбата на објектот земјиштето било во сопственост на Република Македонија.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ максимално ќе го поддржи овој закон бидејќи смета дека со легализацијата на бесправно изградените објекти досега се решија многу проблеми на граѓаните, односно се овозможи граѓаните да сес текнат со документ кој ја гарантира сопственоста на нивните домови и други видови на објекти.

Продолжувањето на рокот за легализација на бесправно изградените објекти дополнително ќе допринесе секој оној кои што додега не успеал да поднесе барање тоа сега да го стори. Како пратеници исто така апелираме до сите граѓани, откако овие измени и дополнувања ќе стапат на сила, истите да ги искористат и да ги решат засекогаш проблемите со кои што се соочувале со години поради нелегализираните објекти.

Како пратеници кои што ги браниме и застапуваме интересите на граѓаните на Република Македонија горди сме што токму овој проек досега овозможи да бидат доставени 360 000 барања за легализација, од кои 175 000 се поднесени елаборати, додека 135 500 барања се запишани во катастарот и се легализирани.

Ние и понатаму ќе продолжиме како и досега да го поддржуваме секое решение кое што значи подобрување на животот на сите граѓани на Република Македонија, а истовремено и преку нашите средби со граѓаните да се запознаваме со сите проблеми со кои што се соочуваат граѓаните и истите да ги решаваме  како што континуирано се решава проблемот со бесправно изградените објекти кои што беше посочен токму од граѓаните. Македонија значително ќе се приближи кон европските стандарди и регулативи.