ВМРО-ДПМНЕ до медиумите на СОРОС: Грубото дезинформирање може да го проверите со повик до амбасадите

Крајно непрофесионалното постапување и грубото дезинформирање наложено од штабот на СДСМ може да го проверите со најобичен повик до сите амбасади. Вашето неточно информирање е уште еден доказ за пропагандата и манипулациите кои се единствено во интерес на партиската агенда на СДСМ, им порачаа денес на медиумите блиски до СОРОС и СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО – ДПМНЕ денес упатија демант на информациите објавени во овие медиуми.

Луѓето од ВМРО-ДПМНЕ за кои што пласирате дезинформации дека наводно се во бегство или наводно побарале прием во странски амбасади, ниту се во бегство, ниту побарале прием во било која амбасада. Крајно непрофесионалното постапување и грубото дезинформирање наложено од штабот на СДСМ може да го проверите со најобичен повик до сите амбасади. Вашето неточно информирање е уште еден доказ за пропагандата и манипулациите кои се единствено во интерес на партиската агенда на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.