ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Доста со популизам, исплатете ги субвенциите за тутунарите

Интегрален текст од денешната прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп:

Сведоци сме дека од денот на формирањето на Владата на СДС и нивните коалициони партнери, па до денес единствено се држат популистички пресс конференции, а отсуствува отпочнувањето или реализацијата на ветувањата дадени во предизборната кампања.
Иако нивниот лидер веќе се изјасни дека се што ветуваа не важи, туку допрва ќе правеле анализи, ги повикуваме да не се поигруваат со граѓаните на Република Македонија!

Почитувани министри, дел од антимакедонската Влада! Време е да почнете да работите во интерес на македонските граѓани! Доста е со глупавите идеи, изјави за тенди, клупи, мачки што гребат коли!
Време е од дебата, анализа, експертиза и маѓепсништва да поминете на грижа и исполнување на ветувањата. Иако пари во буџетот имате за целосна исплата на субвенциите на земјоделците, иако сите административни процедури се завршени од претходната Влада на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, сеуште не најдовте време да ги исплатите субвенциите.

Затоа што не нарекувавте земјоделско – селска Влада, а ние се гордееме со тој епиитет да Ви кажеме: Земјоделските работи се веќе започнати. Луѓето кои се занимаваат со земјоделие се најизмачените граѓани во Македонија! Исплатете им го ветеното и заслуженото!

Прилеп е земјоделски град. Тутунарски регион. Затоа, Ве повикуваме уште денес да ја извршите исплатата на субвенциите за тутун кои си ги имаат сработено и заработено!
Впрочем, вие и ветивте дека Субвенциите ќе ги зголемите на 160 милиони евра годишно. Ќе бидат редовни, дека земјоделците ќе ги добиваат тогаш кога им се потребни.
А верувајте, попотребни од сега субвенциите никогаш не биле!

За тутунарите кои произведуваат тутун од прва класа ветивте дополнителна субвенција. Тутунарите го очекуваат тоа од вас! Тие очекуваат да си достоите на зборот и веднаш да им исплатите повисоки субвенции за тутун до 90 денари. Сите земјоделци очекуваат веднаш да им дадете зелена нафта за нивните потреби.
Доста е од популизам и лаги! Ве повикуваме уште веднаш субвенциите за тутун да ги исплатите и тие да почна да легнуваат на сметките од тутунопроизводителите!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.