ВМРО-ДПМНЕ: Дополнителните 150 милиони долг да не завршат во партиски вработувања на СДСМ

Граѓаните очекуваат дополнителните 150 милиони евра долг да не завршат во партиски вработувања, набавки на октоподи, морски плодови и аранжирање на цвеќиња, туку да се исполнат ветувањата за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари и плата од 100.000 денари за докторите, реагираше во соопштение во петокот ВМРО-ДПМНЕ.

Притоа се истакнува дека во текот на целата предизборна кампања којашто ја водеше СДСМ бепе ветувано сосема спротивното, а со предложениот ребаланс на Буџетот за кој деновиве расправа соодветната собраниска коисија, се планира дополнително зголемување на задолжувањето од цели 150 милиони евра до крајот на годинава.

„СДС десет години ги манипулираше граѓаните и ја критикуваше предходната влада дека се претерува со задолжувањата, а сега за помалку од два месеца ја задолжија државата за 70-ина милионо евра, а во ребалансот на Буџетот предвидуваат зголемување на задолжувањето на државата за 150 милиони евра“, забележуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочуваат дека сега СДСМ е на власт и оти ја има одговорноста да се грижи за државата и економијата, а не преку „празни“ и „бледи“ прес-конференции да ја манипулира јавноста и да наоѓа оправдувања за неостварување на дадените ветувањата.

„Граѓаните очекуваат СДС да почне да работи нешто, наместо да ги покрива штетите од недомаќинскиот ребаланс со измислици и напади врз ВМРО-ДПМНЕ. Конфузниот Тевдовски самиот себеси се демантира и додека говори за презадолженост на државата, издава нови обврзници и дополнително ја задолжува. Од негова рака е потпишан, долг од речиси 4,5 милијарди денари кој преку аукции на државни хартии од вредност ги направи во последните четириесетина дена.Граѓаните не треба да плаќаат за вработување на вандалите од таканаречената шарена револуција, ниту за роднините на партиските послушници на Заев“, се додава во ракцијата на ВМРО-ДПМНЕ.