ВМРО ДПМНЕ и ДУИ пред договор за нова владина коалиција

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се пред договор за формирање на нова влада, дознава Нетпрес од партиски извори.

Според информациите, договорот за нова владина коалиција во која ќе влезат партиите предводени од Никола Груевски и Али Ахмети е начелно постигнат. Тимови на двете партии интензивно ги договараат останатите преостанати точки. До овој момент договорени се голем број прашања, додека се уште се отворени не толку значајни прашања.

Според нашите информации, официјално формирањето на новата влада ќе биде објавено утре.

Демократската унија за интеграција денеска во партиското седиште во Мала Речица одржува централно претседателство и на него според партиски извори Ахмети ќе предложи коалиција со ВМРО ДПМНЕ и се очекува истото да биде прифатено.