ВМРО-ДПМНЕ со двојно поголем рејтинг од СДСМ – резултат на добри проекти и исполнети ветувања

Во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани на 11 декември владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред опозициската СДСМ, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ужива најголема поддршка меѓу политичарите, покажуваат резултатите на анкетата на Институтот „Димитрија Чупоски“ спроведена телефонски од 7 до 10 октомври на 1.237 испитаници.

Според анкетата, чија цел е да ја измери поддршката на граѓаните кон политичките партии и политичките лидери во државата, како и нивните перцепции за политичките партии во неколку сегменти од политичкото делување, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле дека ќе гласаат 27,6 отсто од испитаниците, а за СДСМ 16,1 отсто.

За ДУИ се определиле 6,3 од анкетираните, за ДПА 2,9 отсто и за ГРОМ 1,4 отсто. Поддршката изразена за останатите партии е под еден процент. На прашањето на кој политичар најмногу му верувате, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски се изјасниле 30,1 отсто испитаници, за Зоран Заев од СДСМ 8,9 отсто, за Али Ахмети од ДУИ 5,9, за Мендух Тачи 2,6, за Стевчо Јакимовски од ГРОМ 1,1 отсто. Запрашани која политичка партија ќе победи на следните избори 40,5 се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ 14,8 отсто, ДУИ 7,6, ДПА 1,9, додека 27,1 отсто исптаници рекле дека не знаат, а 8,1 отсто се определиле за други. Според политичките аналитичари, речиси двојно поголемата предност на владејачката пред опозициската партија, и трипати поголемата подршка за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти претседателот на СДСМ, е само уште еден доказ дека граѓаните имаат поголема доверба во вледејачката партија, што се покажало и на претходните две анкети за испитување на јавносто мислење, кои покажаа слични резултати.

Политичкиот аналитичар Александар Даштевски не очекува до изборите да има некои подрастични поромени во однос на подршката за двете најголеми политички партии во Македонија, „Анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“, јасно ги изразува резултатите кои ги покажаа и претходните анкети.

Првата беше на „Павел Шатев“, втората на „Брима Галуп“ која даде малку подобри резултати за владејачката структура, и третата на институтот „Димитрија Чуповски“, која е слична и претставува однос 2:1 за владејачката коалиција наспроти опозициијата и 3:1 за лидерите на партиите, трипата поголема предност за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски наспроти лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тоа што по трети пат се повторуваат исти резултати, значи дека тука негде ќе бидат и конечните резултати на 11 декември, за кога се закажани изборите.

Единствено што може да се промени е плус, минус, 1 до 2 %, на толку краток рок помалку од 60 дена не може да има драстични промени. Тоа е таа реална политичка ситуација во Макредонија, која ја птоврдуваат бројни анкети, вели во изјава за Нет Прес, Даштевски. Според него, огромната предност на владејачката пред опозициската партија се должи на добрите проекти и исполнетите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти, како што вели, ниските удари и навредите на опозициската СДСМ, која без никакви програма и празни ветувања сака да ја добие довербата од граѓаните.

„Големата предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ постои одсекогаш, само што откако опозицијата започна со бјавување на т.н. бомби за еден до два проценти го намали рејтингот на владејачката партија, меѓутоа власта продолжи со проекти и со исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните, додека опозицијата продолжи да води лоша политика, постојано со некои ниски удари и навреди. Па оттука според мене бомбите и СЈО не мжат да бидат предмет од политичка кампања, тие можат само да се употребат во судската постапка, а сведоци сме и на односот со специјалната јавна обвинителка во Собранието, кога во позадина Горан Мисовски и Петре Шилегов и дошепнуваа што да зборува и јасно е дека таа има заземено страна. Значи во политика кампања една партија не може да се ослони само на бомби, туку треба да покаже конкретни резултати, програма како и начин и рокови во кои планирате да ја исполните таа програма. На пример не можете да кажете само ќе ја зголемите платата, туку мора да објасните како планирате да ја зголемите и од каде ќе најдете пари, како планирате да ги зголемите призводство, а не само да кажете од утре минималната платата ќе биде толку и толку. Тоа не е програма и не е политика, политикта се заснова на неколку основни столбови индустриско производство, раст на економија, инфраструктура, енергетика, здравство, образование и така натаму и политичарите треба да кажат што ќе направат вотие сфери за да се зголеми општествениот бруто производ кој ќе донесе поголем животен стандард на граѓаните“, смета Даштевски.

Анкетата на иститутот „Димитрија Чупоски“ покажува и дека граѓаните сметаат дека владејачката пртија има подобра економска програма, односно 53,2 отсто испиатници ја посочиле ВМРО-ДПМНЕ,а 23,6 отсто опозициската СДСМ.

За најголем дел од испитаниците, односно 65,4 отсто, најголем проблем испитаниците најголем проблем се економијата, инвестиции и вработувања, за 8,7 отсто е зачленувањето во НАТО и ЕУ, следат 6,7 отсто за зајакнување на безбедноста, 6,1 отсто се определиле за унапредување на слободата и демокраоблем,тијата, 3,9 отсто за спорот за името и 9,2 отсто испитаници навеле други теми.

Околу тоа која партија повеќе може да помогне во решавањето на тие проблеми, 59,2 осто испитаници се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, а 20,1 за СДСМ, со не знам одговориле 20,7 проценти од анкетираните.

Во анкетата која беше на ниво на целата територија на Република Македонија, беа опфатени сите изборни единици, но и други релевантни демографски карактеристики на населението како пол, возраст, и етничка припадност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.