ВМРО-ДПМНЕ: Експресниот пат Штип-Кочани ќе ја подобри патната инфраструктура во Источна Македонија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја информира македонската јавност дека на вчерашното четврто продолжение на 71-та пленарна седница во Собранието на Република Македонија ја дадовме нашата поддршка за Предлог-законот кој што предвидува изградба на нов експресен пат од Штип до Кочани, соопштуваат од пратеничката група.

Овој нов експресен пат ќе се протега во должина од 28 километри. Наместо реконструкција и рехабилитација на постојниот магистрален пат А3, делница Штип – Кочани, се одлучи истиот да биде полуавтопатско решение односно експресен пат Штип – Кочани.

Изградбата на оваа делница на ниво на експресен пат значително ќе придонесе за олеснување на протокот на сообраќај низ населените места кои што досега го користеа магистралниот пат Штип – Кочани, но и ќе значи исполнување на барањата и потребите на граѓаните од овој регион, при што ќе се зголеми безбедноста и сигурноста на учесниците во сообраќајот во иднина.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сакаме да напоменеме дека со изградбата на овој експресен пат значително ќе се подобри патната инфраструктура во Источна Македонија, нешто за што се об

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.