ВМРО-ДПМНЕ: Експресниот пат Штип-Кочани ќе ја подобри патната инфраструктура во Источна Македонија

ви автопати, континуирано се врши модернизирање на светлечката и сообраќајната сигнализација низ целата држава, реконструкција на мостови, реконструкција на постоечки и пробивање на нови тунели и уште многу други проекти кои значат подобар, поквалитетен и побезбеден патен сообраќај.

Сакаме да напоменеме дека на вчерашната седница на Собранието на Република Македонија исто така ја дадовме поддршката и гласавме за изградба на уште еден експресен пат, а тоа е експресниот пат Штип – Радовиш.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ свесни сме за тоа колку патната инфраструктура е важна за граѓаните и токму затоа секој проект кој што во иднина ќе биде насочен кон изградба или реконструкција на патната мрежа, секогаш ќе ја добива нашата безрезервна поддршка бидејќи преку секојдневните средби кои ги имаме со нив знаеме дека токму подобрите и побезбедните патишта се главен приоритет за граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.