ВМРО-ДПМНЕ формира партиски солидарен фонд

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница одлучи да се формира партиски солидарен фонд за помош на семејствата чии домови беа оштетени во елементарната непогода, информираат од партијата.
Сите избрани и именувани функционери на партијата на државно и локално ниво, наредниот период ќе донираат еднократна помош од по 30 проценти од платите и надоместоците во солидарниот фонд, а по завршување на акцијата средствата ќе бидат префрлени за помош на оштетените сограѓани.
-Освен финансиската помош, договорено е да продолжат организираните активности на терен преку собирање на донации на храна, вода, средства за хигиена и останата помош која им е најнеопходна на погодените. Продолжуваат и активностите за директно вклучување на партиски членови и активисти во најпогодените региони за расчистување и санирање на штетите од невремето, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.