четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 2

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски еден од главните криминалци на СДСМ, сега е најголем проповедник за правда

Аболицираниот крииналец Заев нема да повика на истрага против своите некогашни функционери, бидејќи него не го интересира правдата, туку како таа да се избегне. Но, вистината е како шило – кога тогаш, си го наоѓа својот пат до јавноста, стои во партиското соопштение.

cia-nafta-sdsm-640x386

Последни вести

СДСМ е партијата чии олигарси и криминални функционери се збогатија од соработката со Слободан Милошевиќ и шверцот на нафта и акцизни стоки за Србија. Она што го знаеше цела Македонија и цел Балкан сега се потврди со документите кои ги објави ЦИА, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интгрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Илјадниците документи на американската разузнувачка служба во врска со Балканот кои се појавија деновиве ја потврдуваат вмешаноста на СДСМ и нејзините највисоки функционери во нелегалниот шверц кон Србија во 90-те години на минатиот век.

Тогашната власт од СДСМ земала мито за кршењето на ембаргото кон Србија. За ова не сведочи Столе од Струмица, за ова сведочат документите на ЦИА.

Корупцијата и криминалот во СДСМ не се ексклузива на Заев и Шекеринска, туку имаат свој корен. Црвенковски, Миљовски и Бузлевски од СДСМ се меѓу луѓето кои добивале мито за обезбедување на лажни документи и документи за транспорт.

Корумпираните функционери на СДСМ за својот криминал добивале и луксузни Мерцедес автомобили на поклон, сведочат луѓето кои учествувале во криминалот на СДСМ од тој период.

Еден од главните криминалци на СДСМ е еден од најголемите проповедници за право и правда по медиуми деновиве – Љубомир Фрчкоски како министер за внатрешни работи организирал шверц не само на нафта, туку и на цигари за синот на Слободан Милошевиќ.

Зоран Заев се опкружи со луѓе од негов ков – криминалци. Аболицираниот крииналец Заев нема да повика на истрага против своите некогашни функционери, бидејќи него не го интересира правдата, туку како таа да се избегне. Но, вистината е како шило – кога тогаш, си го наоѓа својот пат до јавноста.

Сите криминалци од СДСМ мора да одговараат за своите злодела.

Најчитани вести