Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ги осуди нападите врз Илковски и Димитриевски

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое ги осудува денешните два инциденти во кои беа нападнати новинарите Јанко Илковски и Антониот Димитриевски.

„ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и остро ги осудува денешните два инциденти во кои беа нападнати новинари.

И нападот против Јанко Илковски и нападот против Антонио Димитриевски се јасен одраз на хистеријата која владее во опозициските редови. Ова сценарио на СДСМ е надвор од умот и е ризична игра во која СДСМ сака да ја вовлече цела држава.

Скандалозни се двата напади. Тие се одраз на фашистичкиот ум кој владее во СДСМ. Но она што мора да се истакне е дека во вториот напад, оној кон новинарот Антонио Димитриевски, напаѓач е Никола Наумовски, прв братучед на Радмила Шеќеринска. Истиот овој човек пред дваесетина дена го нападна и новинарот на Сител, Љупчо Златев.

Да потсетиме дека нападнат беше и новинарот Бобан Нонковиќ од страна на Петрит Сарачини, силен активист на опозицијата и на невладините организации на Сорос, а вербален напад и закани доживеа и новинарот Дејан Николовски, уредник на порталот Нет Прес, од страна на Стојанче Ангелов.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира институциите да ги превземат сите неопходни чекори за расчистување на сите овие случаи. Не смее да се дозволи една банда на хистерични луѓе, болни за власт, да вршат терор над сите кои не размислуваат исто како нив.

Бараме од ЗНМ, МАН и Синдикатот на новинарите да се произнесат за овие случаи на напади кон новинари.

Во исто време бараме од соросовиот Новинарски пленум и сите негови членови утре да организира протест пред СДСМ за да се спротистават на ваквите напади зад кои има лица со име и презиме, лица кои се поврзани со СДСМ. Доколку не го сторат тоа и сами ќе потврдат дека се само алатка во рацете на СДСМ“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.