ВМРО-ДПМНЕ ги осудува обидите да се оправда педофилијата

Најостро ги осудуваме обидите преку одредени колумни на мала врата да се протне било какво оправдување за педофилијата и да се промовираат права за педофилите, реагираше денеска ВМРО ДПМНЕ, откако член на Шарената револуција, Никола Шиндре, преку својата колумна ја релативизираше токму педофилијата.

„ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува обидите преку одредени колумни на мала врата да се протне какво било оправдување за педофилијата и да се промовираат какви и да се права за педофилите кои би значеле нивно амнестирање за криминалот кој го направиле. Згрозува тоа што извесен Никола Шиндре, член на таканаречената шарената револуција, промовира политика која што треба да се омекнува политиката кон педофилите“, изјави Невенка Стаменковска, ВМРО ДПМНЕ

Текстот на Шиндре, под наслов !Сексуалноста над рационалноста  – Во одбрана на најмаргинализираните сексуални заедници – децата кои сакаат да имаат секс и децата кои сакаат да имаат секс со возрасни“ наиде на остри реакции во јавноста. Тој во текстот пишува:

„Сексуално маргинализирана заедница се и педофилите, но, од политички причини, мејнстрим квир движењето ги напушти овие луѓе или барем не ги споменува толку често во дискурсот кој го промовира во јавноста. Воедно, бидејќи тие се полнолетни и возрасни лица, „казните“ кои за нив ги избираат се повеќе од ужасни’…  Што се случува кога 12-годишно дете ќе посака секс или барем ќе се задоволува на помислата дека има секс со 50 годишен маж или жена, па подоцна ќе посака истото и да го реализира?! Дали тоа дете има кому да се довери?! Мислам дека нема. Мислам дека кому и да каже во ваков систем на вредности ќе биде тотална пропаст за него. Ќе доживее исмејување, санкции, ќе биде отстрането како дегенерик, а можеби ќе почне да биде и физички малтретирано. Тоа е затоа што него не го третираат како сексуален субејкт, тоа е затоа што, доколку има секс со врсник, ќе биде искарано и означено како безобразно за своја возраст, а доколку има секс со возрасен, ќе биде силувано“.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека ваквиот став мора да се осуди, а тие како партија нема да дозволат намалување на казните за педофилите. Очекуваат осуда и од новиот министер за култура, Роберт Алоѓозоски кој го отворил настанот каде што се дискутирало за ЛГБТ лицата и нивната општествена состојба, а на настанот „Вечер на раскажување на квир приказни“, говорел и Никола Шиндре.

„За жал, викендов бевме сведоци на отварањето на Skopje pride weekend 2017, настан наменет за промовирање на правата на ЛГБТ лицата. Настанот беше промовиран од министерот за култура на СДС, Роберт Алаѓозовски, а во склоп на викендот се одржуваат разни дебати, на кои се остава простор и за лицето кое ги промовира скандалозните ставови во одбрана на педофилијата. Недозволиво е министер за култура да отвара настани на кои учествуваат и лица кои ја оправдуваат педофилијата. Недозволиво е текстовите кои ја оправдуваат педофилијата на социјалните мрежи да се поддржуваат од учесници на ‘шарената револуција’ како Кочо Андоновски, Румена Бужаровска, Ирена Цветковиќ, но и новинарка Билјана Секуловска. ВМРО ДПМНЕ силно се спротиставува на обидите да се релативизира педофилијата“, изјави Невенка Стаменковска, ВМРО ДПМНЕ

Од ВМРО ДПМНЕ истакнаа дека во изминатите години се креирал и Регистар на педофили, со што и се овозможило на јавноста да се информира за лицата кои претставуваат опасност за децата, затоа што Децата, семејството и семејните вредности мора да бидат заштитени од нападот на неморалот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.