ВМРО-ДПМНЕ го честита денешниот празник Водици

ВМРО-ДПМНЕ им го честита на сите православни христијани големиот христијански празник Богојавление Христово – Водици.

Светлината на големиот празник треба да ни го осветли патот и да не научи да живееме заедно, заедно да се радуваме на успесите и заедно да работиме за нашата благосостојба. Само така ќе ја постигнеме заедничката цел, напредок на нашата Македонија.

Денешниот ден нека донесе радост, топлина мир и спокој во секој дом. Во името на денот да се потсетиме на христијанските вредности на љубов, хуманост и благосостојба кон нашите ближни. Денешниот ден нека биде радост за секој од нас и нека не води по патот кон личниот успех и среќа. Ако сме сите заедно сплотени и чекориме по правиот пат, тоа ќе биде успех за државата.

Нека ни е честит празникот Богојавление Христово – Водици.

Бог се јави.