ВМРО-ДПМНЕ го донесе, СДСМ го избрка Самсоненко

Животот кој беше најавуван од новата владејачка гарнитура очигледно може да преставува смрт за спортот во Македонија. Само по три месеца откако СДСМ и Зоран Заев дојдоа на власт, најголемиот инвеститор во македонскиот спорт и човекот чии инвестиции испишаа златни букви во македонската спортска историја, Сергеј Самсоненко, денеска објави дека заминува од трите клуба во кои беше сопственик, ФК Вардар, РК Вардар и ЖРК Вардар.

Самсоненко во отворено писмо кажа дека одлуката колку и да е тешка ја донел, а таа е дека по крајот на оваа година заминува во вардаровото семејство.

„Ова е последна сезона во која јас, Сергеј Самсоненко, како инвеститор вложувам во сите три спортски клуба во Македонија. По оваа сезона, ќе ги вратам трите клуба на поранешните сопственици во одлична состојба, со шампионски титули, добар ранкинг и без долгови“, пиша во писмото Самсоненко.

Инаку Сергеј од новата владејачка гарнитура и од членството на СДСМ цело време беше етикетиран како „подржувач на режимот“, дел од нив дури и пробаа да го оспорат успехот на Вардар кога ја освои Лигата на шампионите во ракомет, бидејќи сопственик на клубот бил токму Самсоненко.

„Овие кои уриваат, навредуваат, плукаат и се закануваат… завршија уште една работа – го натераа Самсоненко да го напушти шампионискиот Вардар и, секако, Македонија. Заминуваат и исчезнуваат сите успешни и оние кои нешто создале, остануваат само заштитените. Кој е следниот? Толку од успешните, од шампионите и од градителите… “, се дел од коментарите по социјалните мрежи.

samsonenko-navredi-640x309

Министерот за култура Роберт Алоѓозовски беше само еден од оние кои го навредуваа сопственикот на Вардар, тој на Твитер Самсоненко го нарекуваше „Куртоненко“, како „гласен подржувач на поразениот режим“.

Пред три години, кога Самсоненко на јавна аукција купи локација зад Источната трибина на градскиот стадион во скопскиот парк за да изгради младински тренинг центар, Жерновски држеше прес-конференција пред Арената „Филип Втори“ обвинувајќи дека тогашниот премиер Никола Груевски и Сергеј Самсоненко се договориле сопственикот на Вардар евтино да ја купи локацијата и да градат заедно згради наместо младински тренинг камп.

Жерновски свесно лажеше, зашто добро знаеше дека никој друг не се јави на аукцијата, иако беше слободно за секој и токму затоа беше поевтино земјиштето. Знаеше и дека во ДУП е предвидено исклучиво спортско игралиште и дека не може да се градат згради. Жерновски свесно лажеше со умисла, знаејќи дека нема никакви аргументи. Жерновски во изјавата тогаш рече дека Самсоненко и Владата направиле криминоген договор.

samsonenko-makraduli-640x383

Медиумите пак под контрола на СДСМ и Сорос цело време отворено пишуваа против рускиот сопственик на Вардар, тие дури и го обвинија дека тој спрема војна во Македонија. Во моментите пак додека Вардар со инвестициите на Самсоненко секој ден се повеќе и повеќе растеше, Јани Макрадули од Катица Јанева побара да му го замрзне имотот на Самсоненко.

Сергеј Самсоненко во Македонија пристигна во 2006 година, по што неколку години подоцна тој почнува со своите инвестиции во спортот и прави вистинска револуција и од финансиски аспект, во бројот на инвестирани средства, како и до спортската инфраструктура. Тој прво го презема ЖРК Вардар, каде веднаш почна да носи ракометарки кои се светски докажани и за кратко време од локален клуб кој кубуреше во нашата прва лига, направи европски бренд, кој веќе 3 години по ред игра на Фајнл-форот во женската Лига на шампиони.

Потоа тој влезе во РК Вардар, па на крај и во последниот клуб од семејството каде тој инвестира, а тоа е фудбалскиот клуб Вардар, клубови кои пред тој да стане сопственик не можеа долго време ниту да помислат на успесите кои ги имаат.

Викендот на втори и трети и јуни цела Македонија беше сплотена во едно, а тоа поддршката за тимот кој токму тој викенд стана европски првак во ракомет. Никој никогаш најверојатно нема да ги заборави головите на Лука Циндриќ и Иван Чупиќ за пласнам во финалето и освојувањето на европскиот трон. Калибар на играчи кои пред Самсоненко да почне да инвестира во ракометот во Македонија, немаше да може ниту да ги замислиме во некој наш клуб.

https://www.youtube.com/watch?v=q2nNSjkFbX4

Сите вечно ќе го паметат и пречекот на ракометарите на плоштадот, спортска радост која македонскиот клупски спорт доста долго време ја немаше осетено.

vardar-docek-640x360

Покрај инвестициите директно во трансфери на играчи и тренери во клубовите Сергеј Самсоненко направи големи инвестиции во македонскиот спорт и во она кое што не секој го приметува, меѓутоа на долги стази секогаш носи резултати, а тоа инфраструктурата, со која Вардар доби услови на работа како и скоро секој голем европски клуб. За тоа токму говореа и ракометарите кои доаѓаа во Вардар дека вакви услови за работа и играње нема никаде во Европа кога сме кај ракометот.

ФК Вардар прв пат после 14 години помина едно коло во Лигата на шампионите и тоа со победа против шведски Малме, кој пред тоа имаше низ години со настапи во групните фази од европските натпреварувања.

Прв пат во историјата на македонскиот фудбал, ФК Вардар доби модерен тренинг камп, тренинг камп каков што имаат најголемите светски клубови како Барселона, Реал Мадрид, Јувентус и останатите европски великани.

vardar-trening-kamp-640x291
Услови какви што досега немале ниту едни млади фудбалери осетија младите фудбалерите на Вардар, од оние најмладите до они кои веќе тропаат на вратата на првиот. Сергеј Самсоненко во Скопје изгради ултра модерна фудбалска академија, која ја користат само младите фудбалери.

Akademija-Vardar-5-640x396

Покрај женскиот и машкиот ракометен колектив на Вардар придобивки од Самсоненко имаа и други спортски колективи, како што е кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје. Салата Јане Сандански Сергеј ја зема за да изгради сала за своите ракометни колективи и стариот и руиниран објект доби сосем нов изглед, стана една од најмодерните сали во светот, со сите стандарди на меѓународните спортски федерации.

jane-sandanski-serger-640x213

Човекот кој направи вистинска револуција во македонскиот спорт, за новата власт и медиумите кои се под нејзина контрола беше презентиран како се најлошо, беше обвинет дека ќе правел војна, беше навредуван. А Сергеј Самсоненко на македонскиот спорт му донесе само радости и историски успеси.

 

СДМС-овците беа незадоволни што Вардар e на европскиот трон

Ваквата констатација произлезе од односот на партиското раководство и медиумите платени како проекти на Отвореното општество, кои водеа вистинска хајка против сопственикот на новиот европски ракометен шампион, Сергеј Самсоненко, пишуваше НетПрес веднаш откако РК Вардар се искачи на европскиот трон.
Ваквата хајка и недокажани напади против рускиот бизнисмен Самсонеко, дури беше повод репортерот на кабелскиот спортски канал Арена, непосредно пред финалниот дуел, да му постави едно помалку спортско прашање алудирајќи токму на притисоците од новата власт во Македонија – дали ќе остане во овој чисто спортски проект.

18928413_10212186705250081_1959630189_n-593x400

Тоа е само резултат на хајката против Самсоненко, во обидите да го поврзат со наводните криминални активности на владите на ВМРО-ДПМНЕ.

Така во сега про-владините медиуми, додуша секогаш и исклучиво во прашална форма на наводното „истражувачко“ – или, сепак, поправо кажано клеветничко новинарство, го поврзуваа сопственикот на најупешниот спортски колектив во историјата на Македонија и во ракометна Европа годинава, со некакви фирми на Белизе, алудирајќи на глобалната афера со прикривањето на глобалните текови на парите.

Без никакви докази беше доведуван во поврзаност со поранешната власт, со медими и компании. Се вршеа притисоци и врз политички неопределени новинари да се „ископа“ некаква валканица за Самсоненко.

Така, им пречеше тоа што ја доби спортската сала во Аеродром на 35 години концесија. А токму во светските спортски медиуми се наведува како голем успех неговиот проект Вардар кој за помалку од десет години се исчакува на шампионскиот пиедестал.

Одговорот на прашањето, како тим од Балканот, Вардар, кој доаѓа од држава со население колку што има едно предградие на Париз, чијшто фаворит е совладан од македонскиот првак и постигнува ваков грандиозен успех, во странските медиуми се посочува токму воспоставувањето на клупска инфраструктура каква што ја имаат европските спортски гиганти.