ВМРО-ДПМНЕ го молеше Заев да нема инциденти, тој ја турна државата во хаос

Црното сценарио на СДСМ и неговите коалициони партнери за насилно, противзаконско избирање на претседател на Собранието и предизвикување на државен удар, сепак денеска се оствари. Целосно спротивно од Деловникот и собраниските процедури, без точката да биде ставена на гласање, СДСМ и албанските пратеници го поставија Талат Џафери за претседател на Собранието.

СДСМ создаде уште поголема криза и хаос во земјава и покрај обидите од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои денеска во неколку наврати го „разубедуваа“ Заев, да не се залажува дека избор на претседател на Собрание, надвор од процедурите и надвор од сораниската сала ќе направи добро за Македонија.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, дури го замоли да не се обидува да направи државен  удар. Но пратениците на СДСМ отидоа до крај со своите провокации, арогантно не слушајќи ги повиците и барањата на народот кој повеќе од 50 денови протестира против влегувањето на Тиранската платформа во Уставот на Македонија.
Заев денеска на прес конференција најави дека претседател на Собрание ќе биде избран во најскоро време, па ако треба и во друга сала, на скали во Собрание, па дури може и во МАНУ.

Да ве замолам многу искрено и многу човечки да не се обидувате да направите државен удар, истакна пратеникот Илија Димовски на денешната конститутивна седница.

Ве замолувам да разберете дека нити тој претседател ќе биде аирлија претседател, нити таа Влада ќе биде аирлија Влада, заради тоа што на таков начин ќе ја дотолчите и ќе ја дотерате до крај поделеноста која што и ден денеска, за жал, е на високо ниво во Македонија, подвлече Димовски.

Можам да разберам, рече Димовски обраќајќи му се на Заев, дека сте под притисок на многу луѓе кои што се надеваат на функции и на позиции, но вие ја носите одговорноста.

-Затоа што ако пратениците не зборат, не дај боже, ќе дојде време народ да зборува, а тоа не е добро ни за вас, ни за нас, ни за некој друг. Тоа ќе направи најголема штета за Република Македонија, потенцираше Димовски.

Откако насилно беше избран претедател на Собранието, граѓаните влегоа во Собранието. Последните информации се дека има повредени граѓани, но исто така, се објавија фотографии од раскрвавени лица на Зоран Заев и Дамјан Манчевски, а повредени биле и Максим Димитриевски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов и други…