ВМРО ДПМНЕ го осуди инцидентот пред канцеларијата на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува активирањето на експлозивна направа  кое се случи доцна синоќа во Скопје, се вели во соопштението од владејачката партија по повод вчерашниот инцидент пред канцеларија на СДСМ во Карпош.

ВМРО-ДПМНЕ ги  повика институциите на системот во најбрз можен рок да го расветлат случајот на активирањето на експлозивата направа  и виновниците да ги изведат пред  лицето на правдата.

Од партијата апелира до сите политички субјекти да се воздржат од политичка злопотреба на овој настан, да овозможат институциите да ги откријат сторителите, за да се утврди вистинската позадина и цел на овој настан.