Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го осуди „прогласувањето“ на Илирида

ВМРО-ДПМНЕ го осуди „прогласувањето“ на Илирида

ВМРО-ДПМНЕ  го осуди така нареченото прогласување на Илирида.

„Овие настани, направени од одамна истрошени и маргинални политичари се груб и лош обид за сопствена промоција на штета на меѓусебното почитување и разбирање помеѓу граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ упатува јасна порака дека суверенитетот на државата не е работа со која може да си подигрува кој сака и кога сака. Вакви лица покажуваат незрелост и неодговорност во однесувањето. Овие обиди за сопствена промоција на поединци, преку нарушување на меѓусебната доверба, мора да бидат осудени од страна на сите субјекти“, посочуваат од партијата, од каде што упатуваат апел до политичките партии да не се злоупотребуваат овие настани за дневна политика и меѓусебна пресметка.

Имено, денеска поранешниот претседател на Партијата за демократски просперитет, Невзат Халили, пред споменикот на Скендер-бег во Скопје ја прочита Декларацијата за формирање Република Илирида пред десетина свои поддржувачи, чиј главен град, ќе  била македонската метропола. Според деклалацијата, која беше свечено потпишана, Илирида ќе ги зафаќа сите градови во земјава во кои живеат Албанците.

Надворешните граници немало  да се менуваат, а ќе се разговарало и за демилитаризирање. Халили најави собирање потписи за распишување референдум на кој граѓаните требало да се изјаснат за формирање на Република Илирида, а не го признаваат Рамковниот договор.