ВМРО ДПМНЕ го поздрави извештајот на ОБСЕ/ОДИХР

ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува извештаите и оценките на ОБСЕ/ОДИХР кои се однесуваат на спроведувањето на изборниот процес во државата како и изјавите на САД и ЕУ кои се однесуваат на истата тематика, се вели во соопштението од партијата.

„Истовремено ВМРО-ДПМНЕ ќе ги нотира и адресира сите видувања на ОБСЕ/ОДИХР како што тоа го правеше до сега во сите претходни изборни циклуси, вклучително и изборите во 2013 та година, а кои се во насока на понатамошно унапредување на стандардите и критериумите на изборниот процес. ВМРО-ДПМНЕ изразува благодарност до релевантните претставници на меѓународната заедница за конструктивниот однос и придонес во спроведувањето на мирни, фер и демократски избори“, се вели во соопштението.

Од партијата истакнуваат дека ќе продолжат да работата на реформскиот процес со реализација на ветените мерки и проекти, како и исполнувањето на европскиот и евроатланскиот интегративен процес.