ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ќе ги паметат овие девет месеци по укинувањата, уривањата и антидржавните политики

СДСМ треба да биде загрижена заради фактот дека само нивната власт и водачите на Талибанците и на ИСИС во 21 век издаваат наредби да се уриваат споменици, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите деструктивни акти се одраз на ретроградна политика која ја осудува целиот демократски свет. Факт е дека СДСМ ја има власта речиси девет месеци и дека не успеа за сето ова време да сработи макар еден проект во полза на граѓаните.

Единствено нешто по кое граѓаните ќе ги паметат овие девет месеци се укинувањата, уривањата и антидржавните политики. Граѓаните од власта очекуваат проекти, реформи и просперитет. Тоа е нешто што СДСМ не може да го испорача и што ќе може граѓаните да го добијат од идната власт на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во партиското соопштение.