среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 34

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните многу добро го знаат ставот на Заев за вработените во јавната администрација

„Ако почитувани социјалдемократи пред се, Ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација, да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ги бркаме, ќе ги избркаме од работа и тоа да го знаат“.

vmro-dpmne-2

Последни вести

Граѓаните на Република Македонија многу добро го знаат ставот на аболицираниот криминалец Зоран Заев за вработените во јавната администрација, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме целото соопштение.

„Ако почитувани социјалдемократи пред се, Ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација, да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ги бркаме, ќе ги избркаме од работа и тоа да го знаат“.

„Да им кажете, исто така, беше Заев, апсениот Заев, живи луѓе има да јадеме после тоа“.

Ова се двете срамни изјави на Заев на партискиот митинг во Валандово кога не очекувал дека некој ќе го снима и ќе овозможи јавноста да дознае за каков човек се работи. Ова е вистинскиот аболициран криминалец Заев, ова е неговата природа, ова е неговиот став и план.

Не проаѓа лошата глума на аболицираниот криминалец и патолошки лажго Зоран Заев во моментот кога се вклучени камерите и сака граѓаните да ги прави при очи слепи и при уши глуви.

Но, паниката пред изборниот пораз на СДСМ го допира плафонот и вакви очајнички обиди на аболицираниот криминалец Зоран Заев во очи да ги гледа граѓаните и да ги лаже, притоа да знае дека сите знаат за неговата срамна лага, е се’ што СДСМ има да понуди на граѓаните.

Затоа казната од граѓаните за СДСМ на 11-ти декември ќе биде жестока. И од тоа бегање нема.

Најчитани вести