сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 12

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не ги заборавија кражбите на СДСМ

Овие шизофрени акции на СДСМ со крајна и единствена цел ограбување државен имот граѓаните на Република Македонија не ги заборавиле, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

вмро

Последни вести

СДСМ со ниту еден нарачан текст нема да го промени фактот кој го знае целата јавност- СДСМ е партијата која буквално и во секој смисол ги ограби граѓаните на Република Македонија. Наследниците на поранешниот Сојуз на комунисти се луксузираат на државен имот, додека илјадници граѓани секојдневно се борат да обезбедат кров над главата, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ.

Во продолжение соопштението од ВМРО-ДПМНЕ:

Малку им беше на СДСМ што исфрлија 200.000 луѓе на улица, туку имаа потреба буквално да украдат државен имот за своите партиски потреби.

Граѓаните не ги заборавиле најапсурдните епизоди на овие кражби.

Најпрво претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на претседателот на владата Бранко Црвенковски му го отстапил објектот во кој денес е Владата на Република Македонија, а е некогашно седиште на Сојузот на комунисти – исто така граден со народни пари, а присвоен од идолите на Црвенковски, Заев и останатите функционери на СДСМ.

Воодушевен од овој галантен потег на Црвенковски, претседателот на владата Бранко Црвенковски на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски благодарно му подарил имот на ул. Бихаќска, имот на кој денес се наоѓа седиштето на СДСМ, а кој претходно му припаѓал на Министерството за образование.

Овие шизофрени акции на СДСМ со крајна и единствена цел ограбување државен имот граѓаните на Република Македонија не ги заборавиле.

Токму затоа и СДСМ го добива овој третман од граѓаните, да е чуван во опозиција, далеку од власта. На 11-ти декември СДСМ ќе биде казнет уште еднаш за сета штета и сиот криминал кој го сторил на штета на граѓаните.

Најчитани вести