ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат да дознаат како ова би изгледало кога СДСМ би имал власт

Граѓаните не сакаат да дознаат како ова би изгледало кога СДСМ би имал власт. Затоа рејтингот на СДСМ и Заев е мизерен и затоа веќе 10 години се во опозиција. Таму и ќе останат после изборите, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение упатено до јавноста.

Интегрален текст од соопштението:

СДСМ е организатор на хајки кон медиумски куќи и новинари. Функционери на СДСМ им се закануваат на новинари со затворски казни, активисти на СДСМ напаѓаат новинари и им упатуваат закани по живот.

СДСМ прогласува свои политички непријатели меѓу медиумите и бара драконски парични казни и одземање лиценци за оние медиуми кои не се нивни послушници.

СДСМ нема кредибилитет да зборува за медиумски слободи, слобода на говор и слобода на информриање.

За време на насилните протести организирани од СДСМ и Сорос беа каменувани и оштетени просториите на Радио Слободна Македонија, а беше нападнат и повреден новинар. Насилството врз новинари за време на протести организирани од СДСМ не е ново – истото се случуваше и минатата година кога беа нападнати неколку новинари од листата за отстрел на Заев и СДСМ.

„Кога зборувате труе, ширите радијација, поголем изрод од вас не постои, вие сте злосторничка банда, политички непријатели, овие вести се ку*тон вести, вие сте криминалец, вие лажете, ова е лага како и сите лаги сите овие години, вие сте српски шпиуни, единствена странска служба сте вие, труете од што лажете, болумента, алооо началниче…“

Ова е речникот на Зоран Заев кон телевизиите кои не се покоруваат на тоталитарниот медиумски дискурс на СДСМ. Ова е речник од кој се срами секој граѓанин на Македонија. Ова е скандалозен однос на човек кој на избори треба да ја бара поддршката од народот.

Петре Шилегов по насоки на својот шеф, аболицираниот криминалец Зоран Заев, директно  му се закануваше на уредник на телевизија со национална концесија дека ќе заврши во завор. Активисти на СДСМ им се закануваа по живот на новинари од медиуми врз кои се врши континуирана хајка од Бихаќка.

Функционери на СДСМ секојдневно поднесуваат кривични пријави против новинари и медиуми, само поради тоа што не ги координираат своите прилози и текстови со СДСМ како што тоа го прават многу портали и телевизии кои се уредувани од Бихаќка, а финансирани од СОРОС.

Вака ја перцепира СДСМ слободата на медиумите од опозиција. Граѓаните не сакаат да дознаат како ова би изгледало кога СДСМ би имал власт. Затоа рејтингот на СДСМ и Заев е мизерен и затоа веќе 10 години се во опозиција. Таму и ќе останат после изборите.