ВМРО – ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат Фабрики за афери, туку директни странски инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека граѓаните не сакаат Фабрики за афери, туку директни странски инвестиции кои отвораат нови работни места и го подобруваат животот на граѓаните.

За сметка на тоа, граѓаните покажуваат во 9 изборни циклуси по ред дека имаат апсолутна доверба во начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на 24 април 10-ти па по ред ќе кажат дека сакаат нови 150.000 работни места, а не 200.000 луѓе избркани на улица или изедени живи, како што стои во неформалната програма на СДСМ, се вели во соопштението што ВМРО – ДПМНЕ денес го упати до јавноста.

Интегрален текст од соопштението:

Разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е во тоа што ВМРО ДПМНЕ креира услови за отворање на фабрики и нови работни места, а СДСМ креира фабрики за афери.

Реномираната белгиска компанија Ван Хул отвора втора фабрика во Македонија во која ќе се произведуваат автобуси и за европскиот пазар.

Во првата фабрика на Ван Хул во Македонија веќе се произведуваат автобуси за американскиот пазар.

Ова се само дел од десетиците странски инвестиции во Македонија кои инвестираат во земјата благодарение на работењето и условите кои ги создаде владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ досега отвори повеќе од 150.000 нови работни места.

Македонија е четврта најниско задолжена земја во Европа според Еуростат.

Македонија е 12-та според Дуинг Бизнис рангирањето на Светската банка на светско ниво.

Maкедонија постигна историски најниско ниво на невработеност од 25,5%.

Ова се бројките кои важат за странските партнери и кои придонесуваат за интересот за инвестирање во Македонија кој расте континуирано и народот тоа секојдневно го гледа.

Ова се бројките кои се проблематични за СДСМ. Ем немаат ниту П од програма за избори со која макар ќе ги лажат гласачите ветувајќи им брда и долини, ем Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано им покажува како се работи за Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не мора на улица да бркаш 200.000 луѓе како што тоа го направи СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не мора да затвориш 684 фабрики како што тоа го стори СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека граѓаните не сакаат Фабрики за афери, туку директни странски инвестиции кои отвораат нови работни места и го подобруваат животот на граѓаните.

За сметка на тоа, граѓаните покажуваат во 9 изборни циклуси по ред дека имаат апсолутна доверба во начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на 24 април 10-ти па по ред ќе кажат дека сакаат нови 150.000 работни места, а не 200.000 луѓе избркани на улица или изедени живи, како што стои во неформалната програма на СДСМ.

За само 88 дена доаѓа крајот на ваквиот деструктивен СДСМ кој не ја сака економски просперитетна Македонија, туку Македонија во руина, каква што ја остави зад себе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.