ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните одамна ги прочитале лажговците и криминалците како Пендаровски и Заев

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Одговорна власт е онаа која за 10 години отвора 150.000 нови работни места како владата на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да брка 200.000 работници на улица како што направи СДСМ.

Одговорна власт е онаа која во државата носи повеќе од 50 директни странски инвестиции како Владата на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да има нула реализации како што имаше СДСМ.

Одговорна власт е таа која вложува милијарди во инфраструктура, медицинска опрема, субвенции, гради школи, болници, студентски домови, игралишта и спортски сали како Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Одговорна власт не е онаа која во цело свое владеење успеала да изгради само 3 столбови од пругата кон Бугарија, како што направи СДСМ.

Одговорна власт е таа која подига плати, пензии и помош како Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а не власт која немаше воведено ниту минимална плата, кратеше пензии и ги исплаќаше на рати, а зборот покачување не постоеше во нејзиниот речник, како што тоа го правеше СДСМ.

Пендаровски, Заев и другите криминалци и лицемери од злосторничката банда СДСМ може да продолжат во очи да ги лажат граѓаните, ветувајќи им сенешто, а позади нивниот грб да најавуваат дека ќе јадат живи луѓе и народот да го нарекуваат стока.

Граѓаните одамна ги прочитале лажговците и криминалците како Пендаровски, Заев и останатите членови на раководството на СДСМ. Затоа на 5-ти јуни СДСМ десетти пат по ред ќе се увери дека за него место во власта на Република Македонија нема. Граѓаните тоа нема да го дозволат.