ВМРО-ДПМНЕ: Хаус-мајсторот што се претставува како инспектор од општина Центар манипулира

Врз основа на закон за настрешницата Град Скопје има издадено решение за тоа, по претходно прашање на општина Центар, што уште еднаш потврдува дека Кочо Стојчески не само што манипулира, туку и не ја знае работата на еден инспектор, реаграат од ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата од инспекторот од општина центар, Кочо Стојчески,  дека дел од објектот бил пуштен во употреба, без употребна дозвола. А, надворешниот дел не бил настрешница, туку балкон, за што, новиот објект на ВМРО-ДПМНЕ, немал одобрение.

Денес во објектот кој треба да биде седиште на ВМРО-ДПМНЕ во посета беше хаус-мајсторот од општина Центар, Кочо Стојчески, кој изминатиов период лажно се претставува како инспектор.

Да потсетиме дека хаус-мајсторот Кочо Стојчески е најбогатиот хаус-мајстор во Македонија, вози Ауди А5 од над 40. 000 евра, потоа е сопственик на градежна компанија која соработувала со општина Центар. Ова е хаус-мајсторот кој што најбрзо напредувал во својата кариера поради блиски релации со партиските структури и Градоначалникот Андреј Жерновски, а исто така како награда за својата работа добил семејно повластување на неговата сопруга како член во УО на градинката “Кочо Рацин”.

Ова е еден пример како може човек близок до Градоначалник да напредува во својата кариера дури и за десет скалила, а притоа единствена заслуга за напредокот да му е пријателството со Градоначалникот.

Во врска со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, целата постапка се водеше крајно транспарентно, преку објави во весници и информирање на јавноста во сите постапки. Притоа благовремено јавноста беше известена и за привременото седиште на партијата. Начинот на избирање инвеститор е воден при крајно транспарентна постапка. Сите постапки, процедури, барања и известувања од страна на инвеститорот до општината се доставувани навремено и уредно, со цел да се запазат сите постапки. Сите аспекти кои се поврзани со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се водени согласно законите на нашата држава и за тоа постојат документи.

Целата изјава на хаус-мајсторот кој се претставува како инспектор е паушална и апсолутно неоснована со закон, со цел замајување на јавноста и прибирање на ситни политички поени.

Врз основа на закон за настрешницата Град Скопје има издадено решение и за тоа, по претходно прашање на општина Центар, Град Скопје има доставено соодветен одговор до нив со целосна фактографија, што уште еднаш потврдува дека Кочо Стојчески не само што манипулира, туку и не ја знае работата на еден инспектор.

Жерновски повторно се обидува со паушални постапки каде што нема никакви законски неправилности, единствено желба на хаус-мајсторот да го посети седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, да ја покрие својата неработливост и изневерување на довербата кај граѓаните бидејќи освен афери, Жерновски нема ништо други реализирано во општина Центар, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ